Здравствената заштита во една држава претставува еден од важните елементи за зачувување и унапредување на здравјето, животната и работната средина на човекот, заштита на неговиот животен стандард и социјалната сигурност а во исто време е и значаен фактор за стопанскиот и економскиот развој на истата.
ЈЗУ Клиничка Болница Тетово е Јавна здравствена установа со права, обврски и одговорности утврдени со закон, колективен договор, статут и други општи акти.