loader image
Пребарување
Close this search box.

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Официјално лого на ЈЗУ Клиничка болница Тетово

SPITALI KLINIK

TETOVË

Пребарување
Close this search box.

Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на движни ствари–електронска, електрична, информатичка, канцелариска опрема и друг ситен инвентар

  1. Почетна
  2. »
  3. Документи
  4. »
  5. Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање…
26/02/2024 - Во Јавни Огласи

Институција која огласува: 

ЈЗУ Клиничка болница Тетово

Рок на пријавување: 

08.03.2024

Врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање на согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија  бр.41-842/7 од 30.01.2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 26/24 од 05-02.2024 година), ЈЗУ Клиничка болница Тетово  објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на движни ствари–електронска, електрична, информатичка, канцелариска опрема и друг ситен инвентар

I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЈЗУ Клиничка болница Тетово  , врз основа на одлука за согласност од Владата на Република Северна Македонија, е должен да спроведе постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, согласно член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија “бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21), за движните ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не ги користат државните органи или правните лица основани од државата, не можат да се продадат или разменат.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движни ствари – електронска, електрична, информатичка опрема и друг инвентар, предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно законските прописи, без надомест.

Движните ствари се наоѓаат во просториите на ЈЗУ Клиничка болница Тетово

Право на учество имаат сите правни домашни правни лица кои поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад (дозвола за управување со отпад, односно за управување со електронски и електричен отпад) согласно член 64 од од Законот за управување со отпадот („Службен весник на РСМ“ бр.216/21), издадена од надлежен орган.

Лице за контакт во врска со јавниот повик:

Нагип Сулејмани телефон 075383100, mail- kbtetovo@zdravtsvo.gov.mk

Иван Милојески телефон 070321628, mail-kbtetovo@zdravstvo.gov.mk
Подетални информации за предметот на јавниот повик, како и потребната документација во врска со јавниот повик може да се добијат лично во просторите на ЈЗУ Клиничка болница Тетово  , на Ул.29 Ноември бр.16 во Тетово е или на веб страната на ЈЗУ Клиничка болница Тетово  (
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 08.03.2024 година, до 12:00 часот.

II ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на јавниот повик е собирање, транспортирање и уништување на отпад – електронска, електрична, информатичка, канцелариска опрема и друг ситен инвентар, а кои се дотраени, неупотребливи или технолошки застарени и не ги користи ЈЗУ Клиничка болница Тетово  и истите не можат да се продадат или разменат.
Движните ствари кои се предмет на јавниот повик се наоѓаат во просториите на ЈЗУ Клиничка болница Тетово  и детално се опишани во Прилог 1 на јавниот повик, со назив/опис на движната ствар и количина.

III ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право да поднесат пријава за учество на јавниот повик имаа сите заинтересирани правни лица регистрирани за вршење на дејноста предмет на јавниот повик, однсоно кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на електронски отпад, како и дозвола собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на друг отпад (електрична, информатичка, канцелариска опрема и друг ситен инвентар).
Потребни документи кои треба да се достават кон пријавата:
1.    Способност за вршење на дејност
–    важечка дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад (дозвола за управување со отпад, односно за управување со електронски и електричен отпад) согласно член 64 од од Законот за управување со отпадот („Службен весник на РСМ“ бр.216/21), која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање.
2.    Техничка и професионална способност
–    изјава дека располага со потребни и соодветни транспортни средства за извршување на предметот на јавниот повик;
–    изјава дека за непречено извршување на услугата ќе има на располагање во секое време доволен број лица потребни за реализација на предметот на јавниот повик.
Документите за способност за вршење на професионална дејност, како и техничка и професионална способност, се приложуваат во оригинал или во копија заверена од правното лице со потпис на одговорното лице и со назнака „Верно на оригиналот“.

IV КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР
Критериум за избор на правно лице кое поднело уредна пријава со сите потребни документи е понудениот рок за преземање на движните ствари од денот на склучување на договорот, односно предност ќе имаат правни лица кои ќе понудат најкраток можен рок за преземање на движните ствари, најдоцна до 11.03.2024 година, без надомест.

Доколку повеќе правни лица понудат исто времетраење на преземање на движните ствари предмет на јавниот повик, во тој случај ќе се избере правното лице кое прво поднело пријава за учество во архивата на ЈЗУ Клиничка болница Тетово  .

Доколку е пристигната само една пријава за учество од едно правно лице, ЈЗУ Клиничка болница Тетово  , доколку правното лице ги исполнува сите потребни услови, ќе изврши избор на тоа правно лице.

V СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО ИЗБРАНОТО ПРАВНО ЛИЦЕ

ЈЗУ Клиничка болница Тетово  , во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад и кое ќе изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик, ќе го извести во писмена и/или електронска форма избраното правно лице.

Воедно, ЈЗУ Клиничка болница Тетово  ќе ги извести сите правни лица кои учествувале на јавниот повик за извршениот избор со објавување на одлуката за избор на правното лице на веб страната  на ЈЗУ Клиничка болница Тетово  .

ЈЗУ Клиничка болница Тетово  ќе склучи договор со избраното правно лице, кое со пријавата поднело комплетно барање со сите потребни документи наведени во јавниот повик.

Доколку избраното правно лице се откаже од склучување на договорот, во тој случај, склучување на договор ќе му биде понудено на наредното правно лице кое поднело уредна пријава со сите потребни документи согласно јавниот повик.

Доколку избраното правно лице, после склучување на договорот, не постапува согласно одредбите на договорот, ЈЗУ Клиничка болница Тетово  , еднострано ќе го раскине договорот со тоа правно лице и ќе склучи договор со наредното правно лице кое поднело уредна пријава со сите потребни документи согласно јавниот повик.

VI ОБВРСКИ НА ИЗБРАНОТО ПРАВНО ЛИЦЕ ПО СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Правното лице со кое ќе се склучи договор е должно да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од повеќе простории лоцирани во ЈЗУ Клиничка болница Тетово  и истите да ги собере, транспортира и уништи, односно да управува со отпадот на соодветен начин, согласно Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.216/21) и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.176/21).

При преземањето на движните ствари предмет на јавниот повик, ЈЗУ Клиничка болница Тетово   и избраното правно лице се должни да извршат записничко примопредавање на предметните движни ствари.

VII ПРАШАЊА И ПОЈАСНУВАЊА

Подетални информации може да се добијат секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот во просториите на ЈЗУ Клиничка болница Тетово  , на Ул.29 Ноември бр.16 во Тетово.

Лице за контакт во врска со јавниот повик е:

 Нагип Сулејмани телефон 075383100, mail- kbtetovo@zdravtsvo.gov.mk

Иван Милојески телефон 070321628, mail-kbtetovo@zdravstvo.gov.mk
КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Краен рок за доставување на пријава за учество со сите потребни документи е 08.03.2024 година до 12:00 часот.

Пријавите се поднесуваат:
–    по пошта на следната адреса – на Ул.29 Ноември бр.16 во Тетово, ЈЗУ Клиничка болница Тетово  –    непосредно во архива на ЈЗУ Клиничка болница Тетово  .
Правното лице го приложува оригиналниот примерок на пријавата со документите во неа во затворен плик, преку пошта или непосредно во архивата на ЈЗУ Клиничка болница Тетово  На предната страна на пликот треба да стои:

До ЈЗУ Клиничка болница Тетово

За јавен повик  за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, со назнака „Не отворај“.

На задната страна на пликот треба да стои:

Назив и седиште на правното лице

Прилог 1: Листа на движни предмети за отпис од 01-09-2023 година утврдени со Одлука за расходување на основни средства и инвентар на ЈЗУ Клиничка болница Тетово   бр02-124/1 од 11-01-2024 година, донесена од  управниот одбор на ЈЗУ Клиничка болница Тетово .

Прилог 2: Пријава за учество

Пријава за учество (Правно лице, архивски број, датум и место)

Прилог 3: Одлука за давање на согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад бр.41-842/7 од 30.01.2024 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.259 од 26./24 од 05-02-2024 година)

 

 

 

 

 

ВД Медицински директор                                                                          Организациски директор

Д-р Шпресим Ферати                                                                                        Мр. Блерим Османи

——————————-                                                                        ——————————-

 

Пропратни документи: 

Odluka za rashod od upraven odbor

Извешај за расход за 2023

Извештај за извешена процена и листа на предмети за расход

Одлука за давање согласност за избор на правно лице

Службен весник Одлука за давање согласност за избор на правно лице