– Прв пат во клиничката болница во Тетово е извршена торакална (градна) оперативна интервенција – ресекција на тумор на второ десно ребро на предниот дел од градниот кош. Операцијата ја изврши специјалистот по торакална хирургија д-р Иван Карапетров.
-Ова е прва операција од ваков вид во Клиничка болница Тетово и претставува редок случај. Отстранета е промена на коскеното ткиво на реброто кај машко лице. Материјалот е испратен за патохистолошка и имунохистохемиска анализа. Пациентот се соочувал со големи болки во тој дел од градниот кош кои не се повлекувале целосно ниту со аналгетска терапија. Потребна беше предоперативна дијагностика со компјутерска томографија и скен на коските. Ваквите случаи подразбираат и можност за биопсија вели д-р Иван Карапетров.
До ваквата операција доаѓа по оформување на амбуланта за торакална хирургија во склоп на одделот Хирургија при тетовската Клиничка болница од јануари.