loader image

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Официјално лого на ЈЗУ Клиничка болница Тетово

SPITALI KLINIK

TETOVË

Оддел за физикална медицина и рехабилитација

  1. Почетна
  2. »
  3. Оддели
  4. »
  5. Оддел за физикална медицина и рехабилитација
Сите оддели

Физикална медицина и рехабилитација е специјалност која применува различни методи и процедури кои имаат за цел превенција, лекување, дијагностика и рехабилитација на физички и функционални пореметувања на коскено – мускулниот, нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Целта на одделот за физикална терапија и рехабилирација е:

  1. Намалување или остранување на болката кај пациентот.
  2. Зголемување на функционалноста на коскено-мускулниот систем(контрактура , спазам).
  3. Подобрување на мускулниот тонус и јакнење на мускулатурата.
  4. Создавање на правилни обрасци на двизење кај пациенти (деца, возрасни ) кои имаат потреба од тоа.
  5. Превентивно дејство во развој на коскено-мускулен систем кај деца кои под влијание на разни внатресни и надворесни фактори ( наследни,лосо дрзење на телото,недоволна физицка активност ) доведуваат до нарушување на статиката на ‘рбетниот столб и појава на деформитети – Сколиоза или Кифоза.

Физикалната медицина и рехабилитација покрива многу области од медицината како: Ортопедија, Трауматологија, Реуматологија , Неврологија ,Педијатрија,Геријатрија ,и метаболни нарусувања како дијабет и остеопороза.

Кога се поставува дијагноза на болеста се планира соодветен физ.третман на пациентот со примена на физ.процедури. која процедура це се ординира зависи од болеста и состојбата на пациентот.

Физикални процедури кои ги користиме се:

  • Електротерапија : диодинамски струи, галвански, интерферентни струи – Тоа е примена на струја со одредена фреквенција и интензитет при сто се постигнува отсранување на болка,оток, зараснување на скрсеници, јакнење на мускулатура
  • Криотерапија и топлотна терапија (инфрацрвени зраци и парафинска газа )
  • Магнетотерапија – Електростимулација -Мануелна масаза – Хидротерапија
  • Кинезитерапија (медицинска гимнастика ) корективна гимнастика – односно специјални вежби со кои се постигнува јакнење на одредена група на мускули со што се постигнува корекција на деформитетот и се зголемува движењето во зглобот.

Физикалната терапија се применува во 10-20 процедури со различно времетраење, кое зависи од возраста и состојбата на пациентот. Крајна цел на физикалната терапија е да се зголеми и подобри самостојно функционирање на пациентот и квалитет на животот.

Раководители

спец. др. Сузана Ристовска

Раководител на оддел за физикална медицина и рехабилитација

Контакт информации