Максилофацијална хирургија во рамките на Клиничката болница во Тетово е реализирана од страна на тројца доктори специјалисти: Др. Агим Мурати, Др. Александра Бранко и др.Весна Гошиќ-Маркоска. Во моментот се изведуваат само интервенции на меките ткива во регијата на главата и вратот (бенигни и малигни тумори, како и патологијата на саливарните жлезди).
Наскоро, обемот на дејноста ќе биде зголемен, односно, на нашиот оддел ќе се третира и патологија на лицевите и вилични коски, траума на истите, орално-хируршки интервенции, како и неинвазивни естетски процедури (апликација на хијалуронски филери, ботокс и мезо конци).