loader image

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Официјално лого на ЈЗУ Клиничка болница Тетово

SPITALI KLINIK

TETOVË

Оддел за психијатрија

  1. Почетна
  2. »
  3. Оддели
  4. »
  5. Оддел за психијатрија
Сите оддели

О.Е.Психијатрија при Ј.З.У. Клиничка болница Тетово функционира со Оддел кој има три болнички соби, една машка со 6 кревети, една женска соба со три кревети и соба за дневна болница со два кревета за болничко лекување на пациенти со психијатриски растројства. Има амбуланта по Психијатрија која работи по тип на Мој термин и амбуланта за Психолог.

Во склоп на О.Е.Психијатрија работат и два центри: Центар за Ментално здравје по тип на дневна болница со околу 170 пациенти месечно и Центар за превенција и третман на злоупотреба на дрога, кој е регионален центар за Општина Гостивар и Општина Кичево кои се лекуваат по тип на дневна болница со 100 пациенти месечно.

Во О.Е.Психијатрија работаат четири специјалисти по Психијатрија, еден доктор на специјализација по Психијатрија, 8 Психолози од кои еден психолог е на специјализација по Медицинска Психологија, 14 медицински сестри, 4 болничари и 2 хигиеничари.

Раководители

спец. др. Александар Коцевски

Раководител на оддел за психијатрија, со дејност на превенција и третман на злоупотреби на дроги

Контакт информации