Во Одделот за Урологија на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово (д-р А. Бериша, проф. д-р А. Изаири, д-р А. Асани, д-р И. Емини, д-р С. Божиновска, д-р Е. Елези, д-р Ф. Деари) на 13. 10. 2023 година успешно го изведоа третиот случај на РАДИКАЛНА ЦИСТЕКТОМИЈА со БРИКЕР деривација. Оваа хируршка интервенција се смета за една од најспецифичните во урологијата. Во рок од две години со помош на експерти од Кл. за Урологија во Скопје (проф. д-р Скендер Саиди) имплементиравме и стандардизиравме 7 современи уролошки процедури (1-радикална цистектомија. 2-радикална лапароскопска нефректомија, 3-лап. радикална уретеронефректомија 4-лап. ресекција на бубрежна циста, 5-лап. лигатура на сперматична vv. 6-Биопсија на простата, 7-Перкутана нефростома.