Во оддел за урологија во ЈЗУ Клиничка Болница Тетово, денес под раководство на Др. Албон Асан и асистенција на Др. Ерзен Елези беше промовирана нова процедура во урологија. Успешно беше поставена перкутана нефростомија. Медицинскиот персонал на Одделот за урологија се покажа на ниво (сестра Афердита Адеми, техничар Зоран Перовски, помошен персонел - Ферат Изаири и други). Процедурата беше под надзор на проф. Др. Скендер Саиди (Клиника за урологија во Скопје)