loader image
Пребарување
Close this search box.

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Официјално лого на ЈЗУ Клиничка болница Тетово

SPITALI KLINIK

TETOVË

Пребарување
Close this search box.

За пациенти

  1. Почетна
  2. »
  3. За пациенти

Права на пациентите

Во Република Македонија постои посебен закон за заштита на правата на пациентите, при што се предвидени:

  • Право на пациентот на учество во одлучувањето
  • Право на информираност
  • Одбивање на прием на информација
  • Право на прифаќање и одбивање на определена медицинска интервенција
  • Заштита на пациент што не е способен да даде изјава
  • Заштита на правата на пациент над кој се врши научно истражување
  • Заштита на правата на пациент вклучен во медицинска настава
  • Зафати на човековиот геном
  • Пристап кон медицинското досие
  • Право на доверливост
  • Право на одржување на контакти
  • Право на самоволно напуштање на здравствена установа
  • Право на приватност
  • Пациенти со ментална болест

Во делот „Права на пациентите“ се потенцира дека „Пациентот ги има правата пропишани со овој или со друг закон или со ратификуван меѓународен договор“ (чл. 5 ст. 1). Во истиот член е содржана широка антидискриминаторска клаузула, одредба за почитување на личноста и достоинството на секој пациент и афирмација на правото на лична сигурност на пациентот (за време на престојот во здравствената установа).

Пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности и што ја унапредуваат состојбата со неговото здравје, со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје, согласно достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување.

Партиципативната и активна позицијата на пациентите во однос на здравствените работници и промовирањето на човековите права во здравствената заштита и медицината, ќе овозможи должно почитување на достоинството и на пациентите и на здравствените работници.

Обврски на пациентите

Пациентот за време на престојот во ЈЗУ Клиничка болница Битола е обврзан, во согласност со состојбата на неговото здравје:

  • Да се грижи за сопственото здравје,
  • Да даде вистинити и доволни податоци за својата здравствена состојба согласно со личниот капацитет и информираност,
  • Да им помага активно на здравствените работници кои му укажуваат здравствена заштита,
  • Да постапува според советите на здравствените работници за негова нега, третман и рехабилитација,
  • Да ги почитува правилата за однесување, односно куќниот ред на Клиничката болница Битола,
  • Да прифати ангажман, доколку е тој дел од неговата рехабилитација и ресоцијализација во функција на реактивирање на неговите социјални вештини,
  • го почитува професионалното и човечко достоинство на здравствените работници во Клиничката болница Битола.

Со правата и обврските на пациентите подетално можете да се запознаете преку законот за заштита на правата на пациентите, кој е достапен на интернет страницата на Министерството за здравство на Република Македонија, како и преку останатите закони од областа на здравството.

Закони

  1. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
  2. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО КРВ
  3. ЗАКОН ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ
  4. ЗАКОН ЗА ЕВИДЕНЦИИ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО
  5. ЗАКОН ЗА КОНТИНУИРАНОТО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА ДОКТОРИТЕ НА МЕДИЦИНА
  6. ЗАКОН ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
  7. ЗАКОН ЗА ВРШЕЊЕ НА ПСИХОЛОШКА ДЕЈНОСТ
  8. ЗАКОН ЗА БИОМЕДИЦИНСКО ПОТПОМОГНАТО ОПЛОДУВАЊЕ
  9. ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
  10. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ
  11. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ
  12. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ЈОНИЗИРАЧКО ЗРАЧЕЊЕ И РАДИЈАЦИОНА СИГУРНОСТ
  13. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕТО
  14. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
  15. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ
  16. ЗАКОН ЗА ХЕМИКАЛИИ
  17. ЗАКОН ЗА КОМПЛЕМЕНТАРНА И АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА
  18. ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ
  19. ЗАКОН ЗА ПРЕКУРЗОРИ
  20. ЗАКОН ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ СРЕДСТВА
  21. ЗАКОН ЗА САНИТАРНАТА И ЗДРАВСТВЕНАТА ИНСПЕКЦИЈА
  22. ЗАКОН ЗА ЗЕМАЊЕ И ПРЕСАДУВАЊЕ НА ДЕЛОВИ НА ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО ЗАРАДИ ЛЕКУВАЊЕ