Во нашата Клиницки Болница при одделението за радиодијагностика се работаат следниве апарати:
- Класичен дигитален РТГ апарат на кој се снимаат сите дегенеративни заболувања, пулмо, абдомен, уринарен тракт, сите труматски и итни пациенти. Овој апарат работи 24 часа вклучувајќи и сабота и недела.
- Компјутерски томограф на кој се вршат сите снимања на мозок, тхораx, абдомен, уринарен тракт, снимање на екстремитети. Во зависност од потребата се користат и контрастни средства. Овој апарат работи 24 часа, сабота и недела само за итни снимања на мозокот.
- Магнетна резонанца на која се работи: мозок, ‘рбет и колено. По потреба се користат и контрастни средства.
- Ехо на дојки работи исклучиво за преглед на дојки на пациентки од сите возрасни групи.
- Мамограф на кој се врши снимање на дојки на пациентки постари од 40 години.
Периодот помеѓу две снимања препорачливо е возраста на пациентот да биде не помала од 2 години. Исто така на овој апарат се врши и скрининг на дојки бидејќи нашиот Клинички центар е вклучен во програмата за рано откривање на рак на дојка.