loader image

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Официјално лого на ЈЗУ Клиничка болница Тетово

SPITALI KLINIK

TETOVË

За нас

  1. Почетна
  2. »
  3. За нас

Мисија

ЈЗУ Клиничка болница Тетово е јавна здравствена установа која спроведува специјалистичко-консултативна дејност и болничка здравствена дејност на општа болница, и здравствена дејност на клиничка болница од областите на урологија, неврохирургија, ортопедија и трауматологија, очни болести, болести на уво, нос и грло, неонатологија, психијатрија, неврологија и онкологија. Болницата пружа високо квалитетна здравствена заштита во регионот на општина Тетово и се до северозападниот дел на Македонија пружајќи здравствени услуги на околу 300.000 население.

Во ЈЗУ Клиничката болница се спроведува и образовна дејност и стручно усовршување на здравствените работници од областа на медицината, фармацијата, стоматологијата, усовршување на средниот медицински персонал и стручно усовршување на здравствените соработници.

Мисијата е испорака на квалитетен и сеопфатен здравствен третман. Тоа го правиме преку:

  • Обезбедување на точна дијагноза,  соодветен третман и подобрување на здравјето на пациентите, како и зачувување на животи.
  • Постојано подобрување на нашето ниво на услуги.
  • Заштита на безбедноста на пациентите и доверба.

Взаемно почитување, соработка и можностите за развој на кадарот, опремувањето со современа опрема и обезбедување на соодветен простор се клучните карактеристики на политиката на нашата болница за осигурување на целосна посветеност на заштитата на здравјето на луѓето, животот и достоинството на пациентите.

Визија

ЈЗУ Клиничка болница Тетово да прерасне Универзитетски клинички центар со пружени услуги во терцијална здравствена заштита кој што ќе ги користи најновите достигнувања во медицината, користејќи најсофистицирана медицинска опрема за пружање на здравствени услуги од целиот северозападен регион на Македонија.

ЈЗУ Клиничка болница да прерасне во Универзитетски клинички центар кој покрај вршење на специјалистичко-консултативна и болничка дејност ќе спроведува  специјалистичко-консултативна дејност од одредени гранки на медицината, во кој ќе се изведува образовна дејност, специјализации на здравствените работници и научноистражувачка дејност.

Како клинички центар ќе врши здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од одредени гранки на медицината, изградувајќи и спроведувајќи стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажувајќи стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветната гранка на медицината.

100000
Извршени прегледи и услуги
30
Ивршени операции
500
Амбулантски прегледи
100
Лекувани пациенти

Цели

Прераснување од  клиничка болница во Универзитетски клинички центар со пружање на услуги од терцијарно здравствено ниво. Ние располагаме со високостручен кадар и опслужуваме население од целиот северозападен регион, современо опремување на болницата, зголемување на буџетот, контактирање со донатори за опремување на болницата, соработка со локална самоуправа, зајакнување на системот на контрола, намалување на трошоците, лекови, анализи, скратување на просечен број на болнички денови, донесување на доктрина на лекување, како и соодветно наградување на вработените.

Историјат на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово

Со Решение на Собранието на општина Тетово бр. 01-13680 од 29.12.1965 СЕ СПОЕНИ во еден правен субјект:

- Здравствен дом Тетово,
- Завод за Здравствена заштита Тетово,
-Општа Болница Тетово,
- Градска аптека Тетово,
- Здравствените станици с. Жеровјане, Теарце, Желино и аптеката во Теарце.

29 Декември 1965

Здравствената Установа „Медицински Центар“ - Тетово е основана од Собранието на Општина Тетово со Решение УС. Бр. 10/66 од 31.01.1966 година.

31 Јануари 1966

До 2005 година оваа Здравствена Установа работи под називот „Медицински Центар“ - Тетово.

До 2005 година

Од 01.01.2006 година дошло до поделба на ЈЗУ „Медицински Центар“ - Тетово во два правни субјекти, и тоа:
- ЈЗУ Општа болница Тетово и
- ЈЗУ Здравствен дом Тетово.

01.01.2006

Со решение на Министерството за здравство на Р.М. бр. 10-17285/6 од 07.04.2008 година СЕ ДАВА ДОЗВОЛА за продолжување на ЈЗУ Општа болница Тетово да функционира како Клиничка болница Тетово

07.04.2008

Со одлука на Р.М. бр. 19-2200/1 од 15.04.2008 година, донесена на ден 21.08.2008, ЈЗУ Општа болница Тетово пренесува и се основа како КЛИНИЧКА БОЛНИЦА.

15.04.2008

Со Решение бр. 30220080002008 од 22.04.2008, ЈЗУ Клиничка болница Тетово е запишана во Централниот Регистар.

22.04.2008