Одделот за дијабетес и метаболички нарушувања е специјализиран за дијагноза, третман и управување со дијабетес и различни метаболички состојби, вклучувајќи дебелина, нарушувања на тироидната жлезда и други прашања поврзани со ендокриниот систем. Одделот нуди сеопфатна грижа за пациентите, фокусирајќи се на контролирање на нивото на шеќер во крвта, спречување на компликации и промовирање на целокупното метаболичко здравје.
Услугите вклучуваат персонализирани планови за лекување, советување за исхрана, инсулинска терапија и континуирано следење на состојбите на пациентите. Со мултидисциплинарен тим од ендокринолози, диететичари и здравствени работници, одделот е посветен на подобрување на квалитетот на животот на пациетите.