Физикална медицина и рехабилитација е специјалност која применува различни методи и процедури кои имаат за цел превенција, лекување, дијагностика и рехабилитација на физички и функционални пореметувања на коскено – мускулниот, нервниот и кардиоваскуларниот систем.
Целта на одделот за физикална терапија и рехабилирација е:
- Намалување или остранување на болката кај пациентот.
- Зголемување на функционалноста на коскено-мускулниот систем(контрактура , спазам).
- Подобрување на мускулниот тонус и јакнење на мускулатурата.
- Создавање на правилни обрасци на двизење кај пациенти (деца, возрасни ) кои имаат потреба од тоа.
- Превентивно дејство во развој на коскено-мускулен систем кај деца кои под влијание на разни внатресни и надворесни фактори ( наследни,лосо дрзење на телото,недоволна физицка активност ) доведуваат до нарушување на статиката на ‘рбетниот столб и појава на деформитети – Сколиоза или Кифоза.
Физикалната медицина и рехабилитација покрива многу области од медицината како: Ортопедија, Трауматологија, Реуматологија , Неврологија ,Педијатрија,Геријатрија ,и метаболни нарусувања како дијабет и остеопороза.
Кога се поставува дијагноза на болеста се планира соодветен физ.третман на пациентот со примена на физ.процедури. која процедура це се ординира зависи од болеста и состојбата на пациентот.
Физикални процедури кои ги користиме се:
- Електротерапија : диодинамски струи, галвански, интерферентни струи – Тоа е примена на струја со одредена фреквенција и интензитет при сто се постигнува отсранување на болка,оток, зараснување на скрсеници, јакнење на мускулатура
- Криотерапија и топлотна терапија (инфрацрвени зраци и парафинска газа )
- Магнетотерапија – Електростимулација -Мануелна масаза – Хидротерапија
- Кинезитерапија (медицинска гимнастика ) корективна гимнастика – односно специјални вежби со кои се постигнува јакнење на одредена група на мускули со што се постигнува корекција на деформитетот и се зголемува движењето во зглобот.
Физикалната терапија се применува во 10-20 процедури со различно времетраење, кое зависи од возраста и состојбата на пациентот. Крајна цел на физикалната терапија е да се зголеми и подобри самостојно функционирање на пациентот и квалитет на животот.