Директорот на Клиничката Болница Тетово, Др. спец. Ерзен Елези, имаше особена чест и привилегија да присуствува на еден од најзначајните академски настани, организиран од Универзитетот во Елбасан „Александар Џувани“.
Оваа конференција, веќе консолидирана како еден од најважните научни настани во земјата, создава неопходна платформа за соработка меѓу различни специјалности, давајќи му на албанското здравство поширока, поинтегрирана и посовремена димензија.
Тој истакна дека денес има двојна причина за гордост:
не само продолжувањето на традицијата на оваа конференција, туку и промоцијата на новата книга на проф. д-р Кастриот Хаџиреџа, една истакната академска и професионална фигура во албанскиот медицински простор.
Придонесот на проф. Хаџиреџа е добро познат и високо ценет во медицинската заедница — не само поради неговото долгогодишно клиничко искуство, туку пред сè поради неговата непрекината страст кон едукацијата, научното истражување и подготовката на нови генерации лекари.
Промоцијата на неговата книга денес претставува јасен доказ за оваа посветеност и вреден подарок за лекарите, студентите и сите здравствени професионалци.
Во име на Клиничката Болница Тетово, директорот ја изрази својата висока благодарност за меѓуинституционалната соработка.
Во време кога предизвиците во здравството растат, а барањата за квалитетна грижа стануваат сè посложени, соработката меѓу универзитетите, болниците и здравствените институции е од суштинско значење.
Само преку размена на знаења, иновации и континуирано професионално усовршување може да се обезбедат повисоки стандарди во грижата за пациентите.
Оваа конференција и оваа промоција на книга потсетуваат дека медицината не е само професија — таа е мисија.
Мисија што бара знаење, одговорност, хуманизам и визија.
А денес, токму тука, овие вредности се претставени на најдостоинствен начин.
Директорот ја изрази својата уверeност дека овој настан ќе отвори пат за нови идеи, нови проекти и нови соработки, кои ќе го збогатат не само научниот заеднички простор, туку и услугата кон пациентите во сите средини каде што делуваат нашите институции.
Тој ја пренесе својата благодарност за поканата, гостопримството и укажаната чест.
На крај, тој посака успех на работaта на конференцијата и го честиташе проф. д-р Хаџиреџа за овој вреден научен придонес.









