Денес, директорот Ерзен Елези со големо задоволство го прими најновиот донаторски придонес за нашата болница. Станува збор за 17 колички за пациенти, кои веднаш ќе бидат ставени во функција и во служба на нашите пациенти.
Искрено му се заблагодаруваме на г-дин Исмет Адеми од градот Куманово за овој вреден придонес.
Се надеваме дека вакви донации ќе продолжат и во иднина, бидејќи претставуваат голема помош во унапредувањето на здравствените услуги и грижата за пациентите.






