Директорот на Клиничката болница Тетово, д-р специјалист Агим Бериша, денес оствари средба со министерот за здравство, г. Арбен Таравари, информирајќи го за проектите кои се реализираат во рамките на првите 100 дена од новата влада. Директорот го информираше министерот за подобрувањата на условите во болницата, вклучувајќи го монтирањето на 5 нови лифтови (+1 за монтажа), како и санацијата на кровот на интернистичкиот блок и обновата и пуштањето во функција на електронскиот архив. Овие инвестиции се значајни за зголемување на квалитетот на медицинските услуги и за создавање подобри услови за пациентите и персоналот.




















