Се известува јавноста дека проектот за реновирање на Одделението за педијатрија при ЈЗУ Клиничка Болница Тетово веќе е потврден и од денес започнаа градежните работи на терен.
Овој проект опфаќа подобрување на инфраструктурните услови со цел да се обезбедат поквалитетни здравствени услуги за децата и нивните семејства.
По завршувањето на реновирањето, педијатриската амбуланта ќе функционира 24 часа на ден, без прекин, нудејќи континуирана услуга за пациентите.






