Реакција на Клиничката Болница Тетово во врска со случајот на смртта на 29-годишната пациентка
Клиничката Болница Тетово со жалење ја информира јавноста дека 29-годишната пациентка синоќа почина на Инфективното одделение на нашата болница.
Пациентката се јавила на Ургентното одделение, каде што веднаш била примена и ѝ била пружена медицинска помош согласно сите протоколи и професионални стандарди. Потоа била упатена на понатамошен третман на Инфективното одделение.
Според анамнезата добиена од семејството при приемот, пациентката во последните денови примала терапија во приватни амбуланти – постапка која, доколку се потврди, е спротивна на законските и етичките норми на медицинската практика.
Клиничката Болница Тетово очекува Јавното обвинителство да даде конечна оцена за случајот и изразува целосна подготвеност за соработка во насока на негово целосно расчистување.
Нагласуваме дека медицинскиот персонал на болницата постапувал со целосна посветеност и во согласност со сите професионални стандарди.






