Ја информираме јавноста, сите вработени и соработници дека во просториите на Јавната Здравствена Установа – Клиничка Болница Тетово, е реализирано официјално примопредавање на должноста директор на установата.
По тој повод, д-р спец. Агим Бериша, специјалист уролог, ја предаде функцијата и одговорностите на директор, додека новиот директор на Клиничката болница Тетово e д-р спец. Ерзен Елези, согласно решението за именување издадено од Министерството за Здравство на РСМ.
Му се заблагодаруваме на досегашниот директор за ангажманот и придонесот даден за време на неговиот мандат, и му посакуваме успех во идните ангажмани. На новиот директор му посакуваме успешна работа и многу успеси во водењето на установата во корист на пациентите, персоналот и јавното здравство во регионот.
Со почит,
Јавна Здравствена Установа – Клиничка Болница Тетово







