ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Instituti i Shëndetit Publik

SPITALI KLINIK

TETOVË

Успешна хируршка интервенција во Клиничката болница – Тетовo

Во Клиничката болница во Тетово успешно е извршено хируршко лекување на карцином на простата – една од најкомплицираните интервенции во областа на урологијата, кои обично се реализираат во најреферентните и напредни уролошки центри.
Интервенцијата е изведена од страна на хирург – уролог Д-р специјалист Флорин Деари, со асистенција од директорот на Универзитетската клиника за урологија „Мајка Тереза“ – Скопје, научен соработник Д-р мед. сци. Башким Шабани, хирург – уролог. Пациентот, на возраст од 70 години, беше дијагностициран со карцином на простата преку биопсија реализирана токму во Клиничката болница – Тетово, каде беа спроведени и подготвителните и последователните медицински процедури.
Овој успех претставува доказ за професионална посветеност и институционална соработка во насока на обезбедување на напредни третмани во регионот.
Посебна благодарност му се упатува на директорот на Клиничката болница – Тетово, Д-р специјалист Ерзен Елези, за неговата континуирана поддршка и создавање на оптимални услови за развој на здравствените услуги, обезбедувајќи болницата да остане место каде што пациентот секогаш е во центарот на вниманието.
 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print