Со посветеност кон континуирано подобрување на условите и здравствените услуги, под раководство на д-р Ерзен Елези, Клиничката болница во Тетово прими значајна донација од иселеникот во Швајцарија, со потекло од селото Шемшово, Даут Фазлији.
Донацијата вклучува повеќе медицински и помошни средства како лифт за пациенти со соодветни ремени, инвалидски колички, ролатори, болнички кревети, патерици, како и друга придружна опрема, кои директно ќе влијаат врз подобрување на условите за пациентите и зголемување на квалитетот на здравствените услуги.
Директорот Ерзен Елези изрази посебна благодарност за овој хуман гест, нагласувајќи дека придонесите од дијаспората се голема вредност за унапредување на здравствениот систем и доказ за силната поврзаност со татковината.






