ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Instituti i Shëndetit Publik

SPITALI KLINIK

TETOVË

Клиничката болница Тетово доби донација од 4,1 милиони денари од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Македонија

Со голема благодарност ја информираме јавноста за добивањето на една дарежлива донација во износ од 4.1 милиони денари од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни во Македонија, наменета за одделот за педијатрија.
Оваа донација овозможи опремување на одделот со:
✅ Ехокардиограф
✅ ЕКГ
✅ Холтер
✅ Спирометар
Благодарение на оваа помош, значително ќе се подобри грижата и дијагностиката за децата, со што ќе се обезбедат поквалитетни и поефикасни здравствени услуги.
Искажуваме длабока благодарност до донаторите за нивната поддршка и солидарност. Овој чин сведочи дека соработката и хуманоста се силите што ја градат нашата заедничка иднина.
Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print