Денеска со посебно задоволство официјално ја отворивме амбулантата во Попова Шапка, важен чекор што дојде по барањето на Ски центарот да се стави во функција оваа услуга, која е нефункционална од времето на пандемијата COVID-19.
Заедно со директорот на Ски центарот г-дин Абдилгани Алији го презедовме овој чекор со кој ќе им пружиме здравствена помош на посетителите и скијачите во оваа зимска сезона.
Му благодариме на директорот што ја прифати нашата покана и го овозможи ова важно враќање. Брзата помош од денеска ќе биде отворена за сите до крајот на туристичката сезона!






