Ве известуваме дека биохемиската лабораторија при ЈЗУ Клиничка болница Тетово е акредитирана од страна на Институтот за акредитација на РСМ според меѓународните стандарди МКЦ ЕН ИСО 15189:2022. Оваа акредитација е доказ за нашата континуирана посветеност кон квалитетот и точноста во областа на биохемиските анализи.
Им благодариме на целиот наш персонал за нивните неуморни напори и посветеност и за нивната постојана поддршка.







