Тетовската клиничка болница изразува искрено сочувство за трагичната загуба на животи во Кочани и ја изразува својата солидарност со ceмејствата на настраданите и со сите оние кои минуваат низ овој тежок период. Директорот на болницата д-р Агим Бериша е во директен контакт со директорите на болниците во Кочани и Штип, информирајќи ги дека Клиничката болница во Тетово е подготвена да понуди секаква помош што може да биде потребна во овие болни и тешки моменти.






