Денес, во Одделението за Радиологија при Клиничката болница Тетово, успешно беше извршена првата core биопсија на дојка, напредна дијагностичка процедура за детекција на болести на дојката.
Интервенцијата беше спроведена од докторите од Одделението за Радиологија, субспец. д-р Арѓенд Имери, со асистенција на субспец. д-р Марија Ефкоска, а во тимот учествуваа и спец. д-р Иван Карапетров – торакален хирург, д-р Неџдета Адили, како и медицинската сестра Тања Трпковска.
Овој успех претставува значаен чекор кон унапредување на радиолошките услуги во Клиничката болница Тетово, овозможувајќи подобри дијагностички можности и специјализирани третмани за пациентите.
Им се заблагодаруваме на целиот медицински тим за нивната посветеност и професионалност, кои придонесоа за ова значајно достигнување за здравјето на жените во регионот. Посебна благодарност и за директорот на Клиничката болница Тетово, спец. д-р Агим Бериша, за безрезервната поддршка.
Клиничка болница Тетово – Во служба на вашето здравје!









