Во секој чекор и во секоја работа нашата цел е иста – да им го олесниме животот на пациентите и граѓаните. Нашите дела се најдобриот доказ.
Клиничка Болница Тетово се трансформира во модерен и функционален простор за сите посетители, пациенти и медицински персонал. Паркингот доби нов и квалитетен изглед, олеснувајќи го пристапот и создавајќи подобри услови за секојдневно користење.
Една од клучните интервенции беше санацијата на подземната атмосферска мрежа, проблем кој со години предизвикуваше потешкотии, особено во близина на интернистичката и хируршката зграда. Денес, овој предизвик е целосно надминат, а болничките простори нудат безбедни, функционални и достоинствени услови за пациентите и персоналот.
Овие подобрувања претставуваат конкретен чекор кон подобра и поодржлива болница, каде секоја инвестиција има за цел да го зголеми квалитетот на услугите и да го подобри искуството на граѓаните и пациентите. Работата продолжува, со нови проекти кои носат реални и видливи промени во животот на заедницата.






