ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЈЗУ Клиничка Болница Тетово ги известува граѓаните и сите посетители дека на ден 27.09.2025 (сабота) ќе се изврши асфалтирање на дел од паркингот на болницата.
Поради ова, ги замолуваме сите:
• Да го ослободат патот и просторот пред објектите на болницата,
• Да не ги паркираат возилата во зоната каде што ќе се вршат работите,
• Да ги почитуваат упатствата на техничката служба и обезбедувањето за време на асфалтирањето.
Овие мерки се неопходни за да се овозможи брзо и безбедно извршување на работите. Ви благодариме за разбирањето и соработката.
ЈЗУ Клиничка Болница Тетово






