ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Instituti i Shëndetit Publik

SPITALI KLINIK

TETOVË

ОФИЦИЈАЛЕН ДЕМАНТ

ЈЗУ Клиничка Болница Тетово ја информира јавноста дека Јавниот конкурс за вработување на 28 лекари за приватна специјализација, објавен на 08.04.2025 година, како и исправката објавена на 09.04.2025 година, е привремено суспендиран со Одлука бр. 02-1357/3 од 12.08.2025 година.
Оваа мерка е преземена поради одржувањето на локалните избори и во согласност со правилата и препораките за почитување на изборниот процес. Постапката по конкурсот ќе продолжи по завршувањето на изборите и сите процеси поврзани со нив.
Клиничката Болница Тетово останува посветена на транспарентност и правилно информирање на граѓаните и заинтересираните кандидати.
Од: ЈЗУ Клиничка Болница Тетово
Датум: 13.08.2025
Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print