ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Instituti i Shëndetit Publik

SPITALI KLINIK

TETOVË

Во Клиничката Болница во Тетово, на Одделението за урологија е извршена првата биопсија на простата.

Денес, на 11.06.2025, во Клиничката Болница во Тетово, на Одделението за урологија е извршена првата биопсија на простата.
Промовирањето на биопсијата на простата претставува важен чекор во подигнувањето на свеста за значењето на раната дијагноза на рак на простата и унапредувањето на здравствените услуги.
Биопсиите беа извршени со помош на проф. д-р Башким Шабани, директор на Клиниката за урологија при Универзитетскиот клинички центар во Скопје, заедно со лекарите од уролошкото одделение во Тетово.
Оваа метода ќе биде достапна преку системот „Mој Термин“, каде што, покрај пациентите од Тетово, ќе можат да добијат услуги и пациенти од регионалните болници.
Се надеваме дека Клиничката Болница во Тетово во иднина ќе продолжи со работа со современи апарати и модерни методи.
Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print