ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Instituti i Shëndetit Publik

SPITALI KLINIK

TETOVË

Нашата болница со современи стандарди за исхрана и Hallall-HACCP

Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово презеде значаен чекор кон подобрување на условите во однос на исхраната на хоспитализираните пациенти. За првпат ќе се воведе сервирање и дистрибуција на готова храна, според современите стандарди за хигиена и Hallall-HACCP системот.
Пациентите отсега ќе добиваат готова храна која секојдневно ќе се доставува во болницата, под професионален надзор и во согласност со највисоките стандарди за чистота и контрола на квалитетот. Храната ќе биде балансирана според нивните здравствени потреби, и пациентите ќе добиваат 3 оброци дневно – појадок, ручек и вечера – подготвени со грижа и според високи стандарди за безбедност на храната.
Со години пациентите честопати носеа храна од дома поради недостиг на соодветни услови за подготовка на храна во установата. Сега, преку ова решение реализирано со посветеност од страна на раководството на болницата, се овозможуваат поконкурентни и современи услови како и во другите болници низ земјата.
Покрај пациентите, со оваа услуга ќе биде опфатен и дежурниот персонал, кој за време на работното време ќе има можност да добие иста храна по исти стандарди и квалитет, со што ќе се придонесе и за подобрување на условите за работа на здравствениот кадар.
„Ова е важен ден за нашата установа. Да обезбедиме здрава и квалитетна храна. Секој човек кој е хоспитализиран заслужува не само медицинска помош, туку и соодветни услови за престој и закрепнување.“
Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print