По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, во просториите на педијатриското одделение се организираше симболичен и топол настан со цел да се донесе насмевка и малку светлина за децата кои се наоѓаат под болничка нега.
Под мотото „Мали по години, но големи по насмевки“, децата имаа можност да запознаат мил лик во костим, и да добијат симболични пакетчиња подготвени со љубов.
Покрај медицинскиот и административниот персонал, во активноста беа вклучени и родителите, кои емотивно се заблагодарија за оваа иницијатива што создаде потопла и похумана атмосфера во еден посебен ден за најмалите.
Овој настан беше доказ дека и само еден час радост, една боја или симболична прегратка може да направи разлика во секојдневието на децата во болница.











