ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Instituti i Shëndetit Publik

SPITALI KLINIK

TETOVË

Директорот на Клиничката Болница во Тетово, д-р спец. Агим Бериша, го потпиша договорот за модернизација на инфраструктурата на компјутерската мрежа и внатрешната комуникација,

Директорот на Клиничката Болница во Тетово, д-р спец. Агим Бериша, го потпиша договорот за модернизација на инфраструктурата на компјутерската мрежа и внатрешната комуникација, со цел зголемување на технолошката ефикасност и подобрување на услугите за персоналот и пациентите.

Работите се очекува да започнат во наредните денови и ќе опфатат:

• Нова главна оптичка мрежна инфраструктура
• Инсталирање на нови мрежни уреди, кои овозможуваат напредно управување, стабилна мрежа и 10 гигабитна податочна мрежа
• Поставување на мрежни уреди за побезбедна и побрза дистрибуција на податоци и интернет сообраќај низ целиот објект
• Подобрување на условите во сервер-собата, максимална мрежна и сајбер безбедност, високи перформанси
• Реорганизација на мрежата со цел обезбедување целосна покриеност и оптимална функционалност во сите одделенија и единици на болницата

Овој проект претставува конкретен чекор кон дигитализација на услугите, подобра заштита на податоците и зголемен квалитет на внатрешната комуникација.
Со оваа инвестиција, нашата болница ги зајакнува темелите за една помодерна, поефикасна и технолошки напредна здравствена установа

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print