Соопштение
ЈЗУ Клиничка болница – Тетово, ја информира јавноста дека во рамките на одделот за Максилофацијална хирургија е ставен во функција новиот Дигитален панорамикс – Ортипантомограф (Carestream).
Корисници на услугите кои што ги нуди Ортипантомографот: панорамска и делумна снимка на забалото и РТГ на темпоромандибуларните зглобови, освен пациентите на одделот за Максилофацијална хирургија, можат да бидат сите граѓани на Тетово кои што поседуваат здравствено осигурување.
Воедно, на сите пациенти ќе им биде овозможена и дијагностика на ртг снимките и соодветен третман од страна на специјалистите кои што работат на одделот за Максилофацијална хирургија.






