ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

ТЕТОВО

Instituti i Shëndetit Publik

SPITALI KLINIK

TETOVË

Современи услуги за пациентите во Урологија

Почитувани граѓани, почитувани пациенти,
Нашата болница продолжува со подобрување на условите и услугите за пациентите преку конкретни инвестиции и континуирана модернизација.
Одделението за урологија веќе е целосно реновирано и прилагодено според современите стандарди, нудејќи подобри услови како за пациентите, така и за здравствениот персонал.
Под раководство на директорот Ерзен Елезии, и со поддршка на директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, ова одделение е опремено со современа технологија, вклучувајќи апаратура за ехо и биопсија на простата, опрема за дробење на камења во бубрезите, како и средства за третман на уринарните канали и мочниот меур.
Благодарение на овие инвестиции, веќе неколку месеци се изведуваат континуирани и посложени операции за заболувања кои претходно не се изведувале во оваа институција, а сега успешно се реализираат од страна на професионалниот кадар.
Овие развои овозможуваат пациентите да добијат квалитетни услуги во рамките на нашата болница, без потреба од лекување надвор од земјата

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email
Print